Два дена по ред, нема ново заразени со ковид-19 во велешко

Петар Печков

И вчера нема пријавено нов случај на лице позитивно на квоид-19, во велешко. Ова е втор ден по ред како во градот и околина нема ново заразени  со корона вирус.

Има еден излекуван, лице кое било на Инфективно одделение, и откако по два последователни негативни теста е пуштено дома.

На Инфективно одделение има 15 лица хоспитализирано, сите потврдено позитивни а една пациентка била пуштена како оздравена по два негативни теста.

Така денес во велешко има  30 активни случаи. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати