Две години затвор за мајка која три месечното бебе го оставила само дома и заминала за Германија

Петар Печков

Мајка од Велес,  која го оставила тримесечното бебе и заминала за Германија, е прогласена за виновна и доби две години затвор. С.К. (22 год) признала вина прес судија во Основен суд Велес, за кривичното дело „напуштање на дете“ пресудата е правосилна.  

Таа на  13 јануари 2023 година, како родител-мајка го оставила само бебето кое имало само три месеци и заминала во непознат правец. Додека сопругот и бил на пат, возел камион, таа  го напуштила домот, не кажувајќи никому дека е детето само. Кога свекрвата дошла во нивниот дом да ги види, го затекнала бебето само, помодрено, со повраќаници, изѕемнато, по што го однела во болница. 

Обвинетата не била достапна, живеела во Германија, па и било судено во отстуство и добила четири години затвор. Откако се вратила барала ново судење со нејзино присуство, признала вина, па добила две години затвор.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати