Две лица во Градско ноќеска го прекршиле полицискиот час

Петар Печков

Две лица синоќа го прекршиле полицискиот час. Полицијата ги пронашла на улиците , надвор од домовите. Неофицијално тоа се две лица кои биле затекнати близу винарија Стоби, во Градско во 50 минути по полноќ.  Во текот на вчерашниот ден во велешко,  едно лице го прекршило полицискиот час. Повеќе информации од портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. 

На 26/27.03.2020 година за време на полицискиот час поради непочитување на истиот од  слобода се лишени две лица во Велес, три во Кавадарци и две во Неготино - изјави Додевски. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Во текот на вчерашниот ден, до денес на пладне, според СВР Велес,  во велешко 127 лица се во наоѓаат  во изолација и дел од нив се по наредба  се следат од страна на велешката полиција дали ја почитуваат.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати