Две лица oд Бузалково и еден велешанец уапсени оти превезуваат мигранти

Петар Печков

Четвртокот претпладне, на автопатот Гевгелија - Неготино, биле уапсени две лцаи до Бузалково, како превезуваат мигранти. Во возилата имало вкупно 11 мигранти, сие од Бангалдеш.


На 30.ти јули . околу 8 часот на автопатот Гевгелија – Неготино, кај наплатна станица „Демир Капија“, при контрола на возилата „БМВ“, со велешки регистарски броеви, управувано од О.Д.(46) и „фолксваген фејтон“, со тетовски регистарски броеви, управувано од С.М.(37), двајцата од Бузалково, велешко, се пронајдени 11 мигранти од Бангладеш. Лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија, за понатамошна постапка - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

За настанот бил известен Јавен обвинител, по чии насоки против возачите ќе биде поднесена соодветена кривична пријава.
 
Во понеделникот пак 27-ми јули  во 19,30 ч.близина на Струмица, друг велешанец бил уапсен како превезува мигранти.

На локален пат кон село Три води, во непосредна близина на „Раборска крстосница“, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Х.(25) од Велес. При контрола на товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал Д.Х., биле пронајдени 50 мигранти и тоа 33 од Бангладеш, 15 од Пакистан и две лица од Авганистан -соопшти МВР. 

Д.Х. бил приведен и задржан во Полициската станица Струмица, а увид на местото извршиле екипи на Регонален центар за гранични работи и СВР Струмица. По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде  поднесена соодветна пријава.

фото архива

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати