Две сообраќајки, смрт на овчар и напад врз сопруга, од полицискиот билен за продолжениот викенд

Петар Печков

МВР со информација за настани кои се случија изминатиот продолжен викенд.

Средата на  12 јуни во 19 часот на улица „Белградска“ во Велес, патничко возило „Шевролет Спарк“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(54) од Велес, удрило во деветгодишно дете од Велес. Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во болницата во Велес каде му била укажана лекарска помош. 

Четвртокот на 13 јуни  околу 18.15 часот на автопатот Велес – Скопје, на место викано „Пуста Кула“, Д.У.(40) од Велес, управувајќи патничко возило „Фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.М. – сопатничка во возилото и била пренесена во болницата во Велес каде и била укажана лекарска помош. 

Увид на местото на сообраќајките извршила екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините.

Петокот напладне бил пронајден мртов жител на Косово, кој во велешкото село Кочилари чувал овци. 

На 14.06.2019 година околу 15.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Кури Даре“ во атарот на село Кочилари, велешко, во близина на бачило бил пронајден починат М.Г.(48) од Косово. Според пријавеното, околу  6.30 часот М.Г. излегол да ги напасува овците. Околу 14.20 часот го побарале  на мобилен телефон, а откако не го добиле, излегле да го бараат, при што го пронашол без знаци на живот. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Неделата на пладне сопруг ја нападнал сопругата во Горно Оризари.

Неделата околу 15ч. во СВР Велес било пријавено дека во Горно Оризари, по вербална расправија В.А. (60 год) се обидел физички да на нападне неговата сопруга Е.А. (52 год)  но бил спречен од синот. Потоа В.А. земал пиштол но син му успеал  да му го одземе по што испукал неколку куршуми во воздух. СВР Велес презема мерки за натамошна постапка.  

loading...

Поврзани »

Изгоре куќа на Јурија
loading...

>

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

  • на Охридско
  • на Дојранско
  • на Преспанско
  • на Јадран
  • на Црно море
  • на Егејот
  • на езеро Младост
  • на планина
  • дома пред тв и со ер кондишн
  • во Албанија
  • во Турција
  • преку викенд одам до Грција
  • на некој од базените во градов
Резултати