Две сообраќајки со двајца тешко повредени учесници, младо момче моторист и жена пешак

Петар Печков

Петокот попладне на две различни локации во градот, се регистрирани две сообраќајки. Деталите од информациите на СВР Велес.

„На 22 март  околу 16.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Р-1102 во Велес, во близина на црквата „Св. Петка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(39 год) од Велес и  мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(20 год) од Велес“- соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

 Во несреќата, мотоциклистот Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.

„На хирургија петокот попладне е донесен пациент, кај кого по извршените радиодијагностички снимања констатирана е политраума (повеќе скршеници), дадена му е неопходната здравствена нега и со амбулантно возило пренесен на болница во Скопје“ – кажа Марина Андова портапрол на Општ болница Велес.

 Нешто подоцна, на друга локација во градот, повредена е жена - пешак

„На 22 март околу 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“, на место викано „Багремче“, во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(39 год) од Велес, удрило во пешакот Ц.М.(77 год) од Велес“- информира Ѓаковска. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.М., констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.

„И вториот повреден пациент е примен на хирургија. Извршени се претраги и снимања на радологија, дадена е здравствена помош и пуштена на домашно лекување“ – кажа Андова.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС РАСПИША ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 50 ПОРОТНИЦИ

Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3, чл.42 и чл.43 од Законот за судовите и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот, на ден 12.07.2024 година, го објавува следниот:

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ја пиете водата од природните чешми и бунари?

  • да
  • не
  • како кога
Резултати