Деветнаесет годишно момче од Белгија, пријавено дека сторило два инциденти во Бузалково

Петар Печков

Деветнаесет годишник од Белгија, пријавен за два инциденти кои ги сторил во Бузалково. Полицијата со детали за настаните.

„На 24 јуни  во 22.50 часот во  Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.Л.(19 год) од Белгија, по претходна пријава од Ф.С. (44-годишна) од Бузалково, дека во близина на продавница во селото му се заканувал на нејзиниот малолетен син“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.  

Следниот ден стигнала нова пријава за момчето, овој пат со друго лице, предизвикале тепачка.

„На 25 јуни  полициски службеници од СВР Велес извршиле службен разговор со Џ.С.(43 год) од Бузалково и Б.Л.(19 год) од Белгија, по претходна пријава дека на 24.06.2024 околу 02.00 часот во Бузалково пред селската кафеана го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка“ – допоилни Ѓаковска.

По документирање на настаните против вклучените во инцидентите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати