Девет бруцоши примени на Технолошко - Техничкиот факултет со седиште во Велес

Петар Печков

Девет студенти, што редовни, по вонредни се примени на единствената високо образовна институција, која има седиште во Велес, Технолошко - Техничкиот  факултет.

Тие настава ќе посетуваат  од есен во новата академска година 2024/25, кога имаше слободни 50 места за  бруцоши во оваа високо образован институција.

Од ново примените студенти во прва година,  прехранбена технологија и биотехнологија се двајца, по еден редовен и вонреден и седумина на нутриционизам, тројца редовни и четворица вонредни.

Технолошко - Техничкиот  факултет со седиште во Велес,  работи во рамките на  Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола.

Лани во прва година на ТТФ Велес се запишаа 13 студенти.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати