Од есен 118 слободни места помалку од лани во прва година во велешките средни училишта

Петар Печков

Министерството за образование го објави конкурсот за упис во државните средни училишта. Во прва година во четирите средни училишта во Велес, за учебната 2025/26 има слободни 735 места за ученици во прва година, што е за 118  помалку отколку лани.  

Во Гимназијата „Кочо Рацин“ во прва година ќе се запишат 136 ученици во 5 паралелки. Од нив 102 ученика во три  паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во една паралелки со настава на албански јазик и  годинава се предвидува   билингвална паралека на македонско –англиски јазик со 34 ученици. Во Гимназијата и годинава  има и паралелка на Спортска академија за фудбал.

Во Економското училиште „Јове Тесличков“ во прва година ќе се запишат 127 ученици во 4 паралелки. Од нив 93 ученици во три  паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански наставен јазик. За бизнис администратор  25 ученик, една паралелка со  4 годишно образование, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг  34 ученици во една паралелка  со четири годишно образование, асистент деловен администратор со 34 ученици и три годишно образование, и економски техничар каде настава ќе посетуваат 34 ученици на албански јазик, во четири годишно образование.   

Во „Коле Неделковска“ во  прва година ќе се запишат 295  ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик. Во Машинска струка  има слободни  109  места  во  4 паралелки.  За машински техничар/ техничар за производно машинство  25 ученици, за техничар за компјутерско управување/машинско енергетски техничар мак 34 ученика, за машински техничар за моторни возила 25 ученици, сите со четири годишно образование  и за автомеханичар/заварувач/ бравар/браварка  25 ученици со три годишно образование.
Во Електротехничка струка  има слободни места за 127 ученици во 4 паралелки. За електротехничар за компјутерска техника и автоматика 68 ученици, за .електротехничар за електроника и телекомуникации 34 ученика,  техничар за индустриска мехатроника/електротехничаренергетичар  25 ученици сите со четири годишно обраозвание. За сообраќајна струка  има место за 34 ученици во една   паралелка, за техничар за транспорт и шпедиција, со четири годишно образование. Во Угостителско - туристичка струка  има слободни  25 места во  1 паралелка, за готвач/ келнер/ слаткар со три годишно образование.

Во средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски“ во прва година ќе се запишат 177 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик. Во хемиско - технолошка струка  59  ученици во две паралелки, техничар за заштита на животна средина/прехрамбен техничар   со четири годишно образование 25 ученика  и  месопреработувач / пекар со три годишно образование со 34 ученици.  Во здравствена струка - има слободни 84 места во 3 паралелки, за медицинска сестра  со 34 ученици, фармацевтски техничар/ медицински лабораторискo-санитарен техничар со 25 ученици,  физиотерапевтски техничар/ гинеколошко-акушерска сестра со  25  ученика. Сите три паралелки се со четири годишно образование.  Лични услуги - техничар за козметичка нега и убавина има  слободни  34 места во  1 паралелка, во четири годишно образование.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука.

Првото електронско  пријавување на учениците ќе се врши од  14  јуни до 17 јуни. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 20 јуни 2024 година до 12  часот.

Второто електронско  пријавување на учениците ќе се врши на 30 јуни. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 02 јули  2024 година до 12  часот.

Пријавување на учениците ќе се врши  и на 21 август од 00,00 до 17,00  часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 август 2024 година до 10 ч.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати