Десет нови случаи на позитивни со ковид-19, во Велес бројката на активни случаи се искачи на 73 лица

Петар Печков

Десет нови случаи на позитивни со кoвид-19 во Велес беа регистрирани денес, а доцна попладнево ги објави Министерството за здравство.  Има и петмина оздравени. Со ова бројот на активни случаи во велешко се искачи на 73 лицa.

Од ново заразените  шест се мажи, четири се жени. Една вели дека се заразила на работа, останатите тешко можат да лоцираат со кого биле во контакт а бил позитивен. Од овие денешни  и вчерашни случаи може да се каже дека припаѓаат на повозрасната група лица - изјавија oд Центарот за јавно здравје Велес.

Вкупниот број на досега заразени со корона вирус во велешко е 402 лица, 312 се оздравени а 17 се починати. Од активните случаи 59 се дома, двајца пациенти се на Инфективна клиника во Скопје и двајца во приватна клиника.

На инфективното одделение хоспитализирани се 28 пациенти, 26 се потврдено позитивни, две лица се сомнителни. Еден пациент на 58 годишна возраст по барање на семејството е префрлен на Клиниката Жан Митрев, девет пациенти се на кислородна поддршка - соопшти др- Весна Николовска Неделковска, портпарол на Општа Болница Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати