Детергенти, индустриски хемикалии или (не)опасен отпад, што е причината за пената која се јави кај Таор, пред да се влее во Вардар

Петар Печков

За недела дена ќе се знае што точно се случи вчера утро, петок, кога одводниот канал кај село Таор, Општина Зелениково, што се влива во реката Вардар беше целосно прекриен со густа, бела пена. Ова го најавија по вонредниот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЗС), чии инспектори биле на терен во текот на вчерашното попладне.   

„За да се утврди што точно тече во Вардар, на барање на општината, екипи од Институтот за јавно здравје веднаш земале мостри од водата и од сомнителната пена за хемиска анализа. Резултатите кои ќе бидат готови наредната недела и доставени до ДИЖС, треба да покажат дали станува збор за детергенти, индустриски хемикалии или друг вид на не (опасен) отпад. Поради поврзаноста на системите за одведување на отпадни води се разгледува можноста овој настан да е во корелација  со загадувањето со пена од пред неколку дена во Општина Гази Баба- предизвикан од приватен автосервис кај клучка Ченто, кој ќе биде санкциониран согласно надлежноста од Секторот Инспекторат на град Скопје“ – соопштија од ДИЗС. 

Инцидентот кој беше регистриран вчера на  21 ноември, според ДИЗС  се случил веднаш по активирањето на пумпите за отпадните води од системот на Скопско Поле, при што визуелно било утврдено за можно сериозно хемиско загадување на Вардар. Овој систем ги собира отпадните води од широк појас кој ги опфаќа општините Гази Баба, Арачиново, Илинден и Петровец, регион каде што има и индустриски капацитети и земјоделски површини.Пената е  расчистена вчера во  попладневните часови.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати