Дигитален рентген апарат вреден 61 илјада евра, донација од Јапонска амбасада за Здравствен дом Неготино

Петар Печков

Здравствениот дом во Неготино доби дигитален рентген апарат, донација од Амбасадата на Јапонија во Македонија, со вкупна вредност од 61,001 евра.

Апаратот на директорот на здравствената установа, д-р Љупчо Пасинечки му го врачи јапонскиот амбасадор Оцука Казуја.

Преку грант програмата за мали проекти (ГГП), во Македонија се финансирани над 70 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од речиси 4 милиони евра.

Дополнително, во 2021 и 2022, Јапонија ги опреми јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за ковид-19, како дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со ковид-19.

Од 1996 до денес, преку ГГП програмата, Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема и возила за повеќе од 76 училишта и градинки, 70 здравствени установи и обезбеди 36 специјализирани возила за управување со отпад и комунални услуги за 56 општини, во вредност од повеќе од 9,2 милиони евра.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

На што се греете зимава?

  • дрва
  • струја(печка, инвертер)
  • пелети, брикети
Резултати