Доктор Владо Хаџи Наумов, добитник на годишното признание за волонтерство на Црвен крст

Петар Печков

Републичкиот Црвен крст ги додели годишните награди за волонтерство, на 5-ти декември, Светскиот ден на волонтерството. Националното признание помеѓу тројцата добитници му беше врачено  на Д-р Владо Хаџи Наумов волонтер на Црвен крст на Општинска организација Велес. Другите двајца  добитници оваа година на волонтерските награди се Новка Велева од Радовиш и Лулзим Јахоја од Кичево.

Во Црвен крст на Општинска организација Велес е еден од волонтерите кои имаат најголем стаж. Д-р Владо Хаџи Наумов е дел од организацијата  над 40 години. Повик до младите да се вклучат во волонтерските акции на Црвениот крст упати Владо Хаџи Наумов. И по четири децении не размислува да ги напушти хуманитарните акции.

Работата ми е повеќе поврзана со медицината. Бев претседател на одделот за пушење алкохолизам и наркоманија. Во два мандата бев претседател и на комисијата за прва помош. Иако сум во пензија се уште активно работам - кажа д-р  Хаџи Наумов.

Податоците на велешкиот Црвен крст  покажуваат дека тој активно придонесувал од 1979 година, но и нешто пред тоа. Во овие четири децении најголем ангажман има во делот за обука на граѓаните за Прва помош. Тој е еден од лекарите кои со години ја изведуваат обуката по Прва помош за кандидати за возачи или пак за заштита на работното место. Повеќе години ја извршуваше и функцијата Претседател на Комисијата за прва помош, и судија на Државните и Општински натпревари по Прва помош.

Волонтерите и волонтерството во секоја држава претставуваат огромен човечки потенцијал што континуирано се мобилизира согласно потребите и поседува релевантно знаење и вештини корисни за заедницата. Вредноста која тие ја создаваат е бесценета бидејќи поседува квалитет збогатен со хуманата димензија на добрата волја -рече  Виолета Кузмановска, раководител при Црвениот Крст на Македонија на доделувањето волонтерски награди за посебни достигнувања по повод  5-ти декември, Светскиот ден на волонтерството.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

  • да
  • не
Резултати