Доминира црвената боја во достапноста на јавните институции за лицата со попреченост

Петар Печков

Од 80 јавни и државни институции лоцирани во Велес, засега само 20 одговориле на прашалникот за пристапноста до нив, за лицата со попречености. Шест месеци откако се реализира проектот со финасиска помош од фондовите на ЕУ, создаден е регистер за пристапност.  Проектот  насловен „Велес право за сите“, го работи финдацијата Импакт Нет а во него се вклучени средношколци од четири училишта од градот. Создадена е мобилна апликација.

„Пристапноста е обележена со боите на семафор, црвено-непристапно, жолто -делумно, зелено целосно пристапно. Имаме и сина боја која ги опфаќа сите шест модули за прашалникот, не само за лицата со физички, телесен инвалидитет, туку и со проблеми на граѓани со видот, слухот, дали институцијата има лифт, пристапна патека, паркинг за овие лица, дали имаат тоалет, ракофати, има ли дактилни патеки, звучна сигнализација, имаат ли институциите толкувач на знаковен јазик “ – кажа Александра Димитриоска. 

Како институции со зелена пристапност беа пофалени ОУ Васил Главинов, Гимназијата и Хемиското средно училиште кои се во иста зграда, Здравствениот дом, Болницата, црквата Св. Кирил и Методиј, Железничката станица, Основениот суд но не и правобранителството и јавното обвинителство. Во Велес единстеите семафори немаат звучно одбележување. 

Проектот е работен со помош на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес. Целта е одбележување на јавните инстиуции кои се недостапни поради физички бариери,  но и за родители со мали деца со колички, лица кои користат помагала при движење. Многу јавни институции во Велес немаат се уште пристапни рампи, лифтови, пристапни влезови. Тоа ги ограничува лицата со попреченост, со ограничена подвижност, лицата со колички, нема јавни податоци за пристапност до институциите. 

„Долгогодишна е борбата на лицата со попреченост да стигне до јавните институции. Статистиката вели дека по 43 отсто од институциите немаат пристапен тоалет и немаат лифт, никаде во ниту една институција нема табла со информации на Брајово писмо, 71 отсто немаат пристапна патека, 57 отсто вработените немаат искуство на работа со дефибрилатор, нив ги нема во ниту една институција, освен се разбира во службата за итна помош и во болницата. Важно е што воспоставивме дата база која може да се надградува“  - рече Стефче Дечев, раководител на проектот. 

Тој ги презентираше податоците за лицата со попреченост во Македонија, 94,8 илјади  биле лица со одредена попреченост,  2.500 со оштетен вид и слепило, повеќе од шест илјади со ошетен слух. Тоа се околу стотина илјади граѓани, кога кон нив ќе се додадат членовите на семејствата кои им помагаат, тоа се 200.000 граѓани.

Институциите сами се оценувале, но нивните податоци кои ги доставиле, се проверуваат дали е така во пракса, дали се реални. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати