Петар Печков
Објавено: вторник, 16 декември 2025
Германската компанија Дрекселмаер, која има фабрика во Кавадарци а каде се вработени бројни велешани, донира нови креветчиња и душеци за децата од градинката „Димче Мирчев“ во Велес. Таа подари по 25 креветчиња и исто толку душеци, наменети за најмладите.
„Со оваа донација обезбедуваме удобност и грижа за најмалите, затоа што квалитетниот сон е клучен за нивниот раст и развој. Нашата цел е да создадеме подобри услови за секојдневието на децата и да придонесеме за нивната благосостојба. Среќни сме што можеме да помогнеме и да направиме разлика во животот на најмладите од нашата заедница“ – порачаа од Дрекселмаер.
