Донесена е одлука да се ликвидира ЈП Велес- гас

Петар Печков

Престана да постои ЈП Велес гас, кое требаше да работи на доведување на гасот, како енергенс до велешките фирми и семејства.  Откако Владата на општините каде се води гасификацијата, им порачала   дека истите немаат потреба да се ангажираат со уредувањето на линијата за гас до градот и дека таа, Владата, ќе ја спроведува целокупната постапка за воведување на гасификацијата, локалната власт реши ЈП Велес гас да го ликвидира.

Одлуката за тоа ја донесоа советниците, и тоа од втор пат. Пред еден месец точката не мина. На 49-тата седница,точката со мнозинство гласови се изгласа а  опозицијата реагираше на загаснувањето на ова ЈП, со став дека тие биле против и кога се формирало и прашаа, која промена на состојба се случила, што оваа точка  повторно се најде на дневен ред. 

Промена нема, но за да се започне постапката за формирање или згаснување на некое претпријатие или орган, потребна е одлука од Советот - им одговори Елизабета Јовчевска,  секретарот на Општина Велес. Од владејачкото мнозинство констатираа дека нема  ништо спорно, оти работите кои ги вршело ова ЈП, ги презема Владата и затоа тоа не е потребно да постои. 

Оваа работа можеше да ја работи општинската администрација. Нашите укажувања дека ова ЈП не е потребно, наидоа на ѕид,  не не` слушавте.  Две години имавме оштетување на Буџетот на општина, а со тоа на граѓаните, со одвојување за плата на директорот. Граѓаните не добија ништо. Претпријатието ќе го згаснеме, но што со парите кои се потрошија  - рече Петре Саздов советник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.  

Вашите кадри претходниот мандат го оштетија општинскиот  Буџет со 2,8 милини евра, толку долг оставивте, така што немате лице да зборувате за борчеви - кажа Стево Крстевски од владејачката СДСМ. 

Ние  како советничка група бевме против формирање на вакво ЈП а со тоа и на средствата кои се наменија за негова работа - рече Нада Трајкова, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. 

ЈП за овие година и половина, колку што тоа функционираше се работеше за проект за инфраструктура, на проект за траса, изработена е потребна документација. Тие се основа за натамошната гасификација. Ако зборувате за фрлени пари, треба да се зборува за засадените 45 палми во градов, кои се исушија - кажа  Пандорка Прличкова, советник на СДСМ. 

Со 12 гласа ,,за,, од 17 присутни се донесе одлука за престанување со работа на ЈП  за енергетика Велес- гас  Велес. Пред еден месец ова точка не мина оти имаше само осум гласови ,,за,,.  За второто ЈП  Велес - паркинг, кое го формираше овој состав на Советот, се води постапка за спојување со ЈП парк спорт. 

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

  • ги помнам само убавите моменти
  • што поскоро да ја заборавам
  • постар/а сум за една година
  • имаше и убави и лоши работи
  • како и секоја друга
Резултати