Советот и по три години, уште не одговорил на барањето на таксистите за повисоки цени

Петар Печков

На последната седница, со советнички прашања, советникот Игор Смилев, праша зошто и по толку време, откако е доставено барање за повисока цена на такси превозот, Советот не донел одлука за тоа.   

Овој проблем пред три години го актуелизираше советникот Марјан Николов,  и го постави како прашање во  март 2022 година. И по три години Советот не донел одлука за повисока цена, тоа барање не е ставенo како точка на дневен ред.   

Градоначалникот одговори, инспекциите да проверат по кои цени возат таксистите. 

„Додека нема нова одлука, важат старите одлуки. Доколку некој граѓанин, корисник на услугите смета дека е оштетен, нека провери и ако некој возач побара повеќе, нека пријави во инспекциските органи, дали општински или државни, по која цена возат таксистите“  - кажа градоначалникот Колев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати