Дополнителни 500 вакцини за заштита од сезонски грип, доби Центарот за јавно здравје Велес

Петар Печков

Дополнителни 500 вакцини за сезонски грип, добиле во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес. Тие биле дистрибуирани вчера и се наменети за граѓани од ризичните групи,  кои сакаат превентивно да се вакцинираат.

Претходно во средината на месецов ЦЈЗ доби две илјади вакцини, а поради големиот интерес од граѓаните за аплицирање, бројот на вакцини е зголемен.

Првата недела околу илјада термини беа распределни а нешто повеќе оваа седмица, бидејќи има по 240 дневно. Тие се аплицираат од 8 до 13ч. во Хигиенски. Таа е намената за пациенти на возраст над  65 години, болни од хронични болести, деца од 6 месеци до 3 години, трудници, здравствените работници. 

Сите останати пациенти кои сакаат да се вакцинираат и заштитат од сезонски грип, тоа можат да го сторат со комерцијалната вакцина.    Пријавувањето е преку  вакцинација.мк  . Вакцината е марка „Абот“ холандска. Има и комерцијална која чини 700 денари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати