Драган Ванов најдобар во првата ендуро трка во Македонија

Петар Печков

Во саботата  на патеката кај велешкото езеро Младост за првпат се одржа  мото трка  во ендуро натпреварување  од Мото Шампионатот на Македонија.

Севкупен победник е велешанецот  Драган Ванов член на Мото Велес. Тој победи  во класата Е 1 првото место и златниот медал  му припадна на Драган Ванов Мото Велес, втор беше Илчо Петровски  трет Ергул Сулејмани.

Во класата Е2 првото место го освои Ивица Милошевиќ Мотори Скопје, втор беше Зоран Трајковски, а трет Љупчо Николовски, додека во класата Е3  прв беше  Билгим Незири од МК Гостивар , втор Дарко Дејановски и трет Миодраг Станковиќ.

Во класата Т1 првото место го освои Виктор Ефремов член на мото Велес, второто Ангел Панов и третото Тони Ѓорѓиевски. Патеката беше долга 45 километри и се возеа три круга од по 15 км, а на трката учествуваа 27 натпреварувачи од мото клубовите од Македонија, а 25 од нив ја завршија трката.

Организатор на оваа трка беше МК Мото Велес под покровителство на Мотоциклистичката Федерација на Македонија и општина Велес. Следната трка во  мото ендуро од Шампионатот на Македонија  ќе се вози на патеката на  Пелистер.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати