Еден нов случај на ковид позитивен, еден примен на Инфективно одделение

Петар Печков

Еден нов случај со ковид-19 и еден нов пациент примен на Инфективното одделение од велешка Болница. Ова е ковид билансот за Велес, за изминатите 24  часа. Министерството за здравство соопшти дека меѓу 325-те нови случаи во Македонија, има и еден во Велес.

“Во ковид центарот на Инфективно одделение, хоспитализирани се двајца пациенти, позитивни на ковид-19. Еден од нив е на кислородна поддршка“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка Болница.

Во Велес има активни шест случаи на лица со корона вирусот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати