Еден починат и четворица повредени откако воз кај Ногаевци, удри во возило кое носело пациенти на дијализа

Петар Печков

Трагично заврши патувањето на младиот М.Ѓ.  ( 23 год) од велешкото село Ногаевци на дијализа до велешката Болница. Тој на пладне го загуби животот откако автомобилот со кој организирано се превезувани лицата кои треба да одат на дијализа, бил удрен од товарен воз на обезбеден железнички премин.  

Околу 12,10 ч.  на железничката пруга помеѓу железничките станици Згрополци и Градско, на патниот премин кој е обележан со светлосна и звучна сигнализација , на стојалиштето кај село Ногаевци, случена е сообраќајна незгода во која учествувале товарен воз кој сообраќал на релацијата Трубарево - Градско и патничко моторно возило марка Форд Галакси со велешки регистарски таблички - информираа од МВР.   На местото на сообраќајката била екипа на Итната медицинска служба од Велес со две возила и две лекарски екипи. 

Имало четворица повредени од нив двајца полесно и двајца потешко. На сите четворица им е пружена неопходната помош и се пренесени во Општа Болница Велес. За едно лице екипата констатираше смрт на лице место - соопшти д-р Страхил Тодоров портпарол на Итната медицинска помош. 

 Околу пладне на одделението за ортопедија донесени се четворица пациенти, повредени во сообраќајна несреќа. Една пациентка  на 57 годишна возраст е со скршеници на коски на лицето и поради сериозноста на повредите  е префрлена на Клинички во Скопје. Тројцата пациенти од машки пол се задржани и се извршени рендгенски и лабораториски испитувања,   кај двајца има  тешки телесни повреди, едниот со  скршеници на ребра, другиот со скршеници на колк  и кај третиот има телесни повреди - изјави д-р Тодор Јаковлев, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес. 

 Мештаните на село Ногаевци кои беа на лице место, беа длабоко погодени од смртта на младото момче.

Тој една година има како започна да оди на дијализа во велешка Болница секогаш седеше на задното десно седиште. Возилото доаѓаше во понеделник, среда и петок и носеше лица на дијализа од Градско, Виничани и на крај ги земаше од Ногаевци. Не можам да сфатам како шоферот, кој е искусен не го видел возот кој доаѓа или лошо пресметал дека е побрз од него и решил да го мине преминот - кажа жител на село Ногаевци.   

На лице место беше и увидна екипа на Македонски железници. Тие кажаа дека извршиле увид на  видео снимките од преминот и од нив јасно се гледало во моментот на доаѓањето на товарниот воз, и звучната и светлосината сигнализација работела.  

Патничко моторно возило без да ја почитува сигнализацијата, навлегло во профилот на пругата и било удрено од товарен воз - соопштија од МЖ.

Увид изврши и обвинител на ОЈО Велес, подигнати се траги од лице место,  кој издаде налог за техничка проверка на возилото а телото на починатото момче е предадено на обдукција.  

Поврзани »

Општина Велес субвенционира физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален и објавува

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор за 2020 година Детали

Општина Велес субвенционира физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед и објавува

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2020 година Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

  • гледам тв
  • гледам серии на интернет
  • слушам музика
  • читам книга
  • играм игри, карти
  • разговарам на телефон
Резултати