Една жена позитивна и еден оздравен, билансот со ковид-19 во Велес

Петар Печков

Во велешко денес регистриран е еден нов случај на позитивен со ковид-19, а има и еден оздравен. Така во општината состојбата со активни случаи останува непроменета како и вчера, 17 лица.  

Има еден нов случај, жена која е згрижена на Инфективно одделение и не може да каже од каде се заразила по епидемиолошката анкета. Има и еден оздравен од домашно лекување - соопштија од Центарот за јавно здравје.

Бројката на вкупно заразени лица во велешко е 289 лица, оздравени се 257 и 15 починати. Од активните случаи  11 се на домашно лекување а чест се на Инфективно одделение од велешка Болница.  

На Инфективно одделение сместени се 13 пациенти, од нив 12 се потврдени позитивни а еден е сомнителен и се чекаат резултати  по земениот брис. Пациенти освен од Велес се и од Свети Николе, Кавадарци, Неготино и еден случај од Делчево.  

Засега, до пладне, е извесно дека утре во Велес ќе има најмалку пет нови пријавени случаи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати