Една четвртина од родот лани, четири илјади тони, завршил како сончоглед за грицкање

Петар Печков

Минатата година родот на сончогледот во Македонија бил 15 илјади тони, од кои велешката фабрика за масло,  Маслодајна откупила 11 илјади. Остатокот од четири илјади тони завршиле како сончоглед за грицкање, информираа  земјоделците.  

„Овие четири илјади тони се род од малите производители, кои го користат како сончоглед за грицкање. Тоа количество, генерално,  во голема количина заврши како извоз  за Косово“ - кажа Никола Петковски претседател на Здружението на производители на сончоглед.

Земјоделците најавија дека годинава ќе има за 20 отсто повеќе површини засеани со сончоглед, задоволни од ланската откупна цена, исплата која завршила во јануари и сигурноста дека родот ќе биде откупен.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати