Петар Печков
Објавено: вторник, 16 декември 2025
На подрачјето на Велес реализиранa e превентивна активности од областа на безбедноста во сообраќајот, за користење на зимска опрема и да не се управува возило под дејство на алкохол.
„Полициските службеници во непосредна комуникација им укажаа на возачите за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, заради лична, но и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. При тоа, беше потенцирано дека во зимскиот период, условите на патиштата бараат максимална внимателност и затоа особено е важно користењето на зимска опрема“ – соопштија од МВР.
На возачите им бил поделен печатен едукативен материјал, изработен од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Акцијата е реализирана од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.
фото МВР
