Еколошки мапи и атласи произведоа учениците од Горно Оризари

Петар Печков

Еколошки мапи и атласи произведоа учениците од велешкото село Горно Оризари. Тие создадоа релјефна мапа на Македонија и  географски атласи на светот, кои се од хартија. Вредните раце на учениците од ОУ ,,Рајко Жинзифов,,  на инвентивен начин решија да ја претстават сопствената држава но и планетата Земја. Единствените  и оригинални примероци се дело на 17 ученици од еко -секцијата од трето одделение, кои на овој начин решиле да го претстават рециклирањето како можност за заштеда на хартија.        

Релјефната карта на Р.Македонија произлезе како идеја од работилницата  чија тема беше  рециклирање на хартија и нејзина повторна употреба. Ученици членови на еко секцијата ја рециклира хартијата а потоа искористија релјефна карта како модел за да се создаде  нејзина верна копија. За рециклирањето и за пополнувањето на макетата временски требеше околу три часа а сушењето десет дена.  Географските атласи  се создаваат прво со дуење на големи балони  кои се премачкуваат  со слој рециклирана хартија, па слој  лепак дрвофикс. Се сушат четири дена, потоа балонот  се издишува  и останува моделот кој  потоа се поставува на дрвено постолје и глобусот е готов - објаснува Лиле Арсова, одделенски наставник која заедно со учениците ги создаде овие мали еколошки ремек дела.

За да биде впечатокот комплетен,  тие се обоени со природни прехрамбени бои. За изработка  на мапата биле потребни пет килограми стара хартија, додека засекој атлас се искористени по два килограми хартија.  Овие изработки биле наменети за  еко-штандовите и ликовната работилница на тема ,,Цртежот ги надминува јазичните и верските бариери,,  за Денот на Планетата Земја. Поради нивната инвентивност, фотографиите од овие еколошки географски помагала се најдоа  заедно со дестина други и на веб страницата www. 350.org еколошка организација која покрива петнаесетина држави од Источна и Јужна Европа.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати