Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 август 2025
Како и минатата година и неколку претходно, во месец септември, ЈКЈП Дервен заедно со Општина Велес, ја рализраат акциајта за собирање на габаритен отпад. Пријавувањето започнува од денес, понеделник на следните телефонски броеви 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986 од 7 до 15ч. . Оваа услуга е бесплатна за граѓаните.
„Ги известуваме граѓаните дека во периодот од 1ви до 15ти Септември годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Ги замолуваме граѓаните габаритниот отпад да не го изнесуваат на јавни површини и да не го оставаат до контејнерите за отпад без претходно да договорат термин за собирање“ – соопштија од ЈКП Дервен.
Во габаритен отпад спаѓа:
Мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи.
Санитарии – кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалет шољи, славини за вода, огледала.
Градинарска опрема – огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи.
Друг габаритен отпад – ролетни,тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа.
Би било полезно, оваа информација да биде во сметките на ЈКП Дервен, кои се дистрибуираат во септември, за да биде достапна до поширок круг граѓани.