Есента стигна претпладнево во 9,50 ч

Петар Печков

Есента  на северната хемисфера астрономски стигна во 9,50 ч. претпладнево. Денес   23 септември е 266 ден во годината, а до нејзиниот крај остануваат 100. На Јужната полутопка започна пролетта. Сонцето во Велес изгреа во 6:21ч а заоѓа во 18:30 , денот трае 12:09 ч. Или денес е есенска рамнодневица. Есента ќе трае до 21 декември во 05:19ч. кога доаѓа зимата.

Според УХМР не очекува есен со потпросечни врнежи и просечни есенски температури.

Температури во рамки на просекот и количество врнежи со потпросечни вредности за околу 25 проценти, може да очекуваме есенва. Недостаток на врнежи особено ќе има во западните делови од државата и до 50 проценти, покажува сезонската прогноза што ја објави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во првиот месец од есента во најголем дел од државава ќе имаме просечна температура на воздухот од 14 до 16 степени. Според УХМР, количеството на врнежи за септември се очекува да изнесува од 25 до 50 литри на метар квадратен. Средната температура во септември, октомври и ноември на целата територија, според прогнозата, ќе изнесува од 10 до 12 степени. Очекуваните врнежи за оваа есен ќе изнесуваат од 75 до 150 литри на квадратен метар, односно од 25 до 50 за секој месец поединечно.

Сезонските и месечните изгледи на времето се базираат на резултати од динамички модели, статистички модели и познати телеконекции на климатските показатели подготвени за поширокиот регион на Медитеранот, кој исто така се применува и е прилагоден на Југоисточна Европа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати