Етнолошка збирка со предмети од регионот на Азот, поставена во спомен куќата на Петар Поп Арсов во Богомила (фото)

Петар Печков

Во спомен куќата на Петар Поп Арсов во Богомила, поставена е етнолошка збирка. Таа опфаќа околу стотина предмети, сите исклучуво од регионот на Азот. Поставката е дело на  Драгица Чекорова, етнолог во Музеј на град Неготино.

„Поставка е празник за очи, за секој кој го сака традиционалното, етнолошкото богатство.  Сите изложени предмети потекнуваат од регионот на Азот. Има покуќнински предмети, изработени од дрво, бакар, стакло, текстил.  Има народна облека, не носии, руво кое го носеле селаните. Сите овие предмети ја отсликуваат материјалната, духовната култура на населението од тој крај. Ова е чисто етнолошка претстава на луѓето и нивниот живот во не така дамно минато време“- кажа етнологот Чекорова.

Сите предмети се поставени во три простории, меѓусебно поврзани, отворени една кон друга. Во една прсторија се полјоделски предмети користени во земјоделието, кујнските, покуќнинските предмети во друга прострија кои се употебувале во домаќинсвото.

 „Со ова поставка направивме ред, да може посетителот да ги следи изложените предмети. Целокупната поставка претставува добра етнолошка целина“- вели Чекорова.

Сите овие предмети беа дел од етно поставката во спомен соба во селото Бистрица, собрани од Гоце Станчев и граѓанското здружение „Разбој“. Откако тие мораа да го напуштат објектот-старо селско училиште, локалната власт предметите ги смести во Богомила во спомен куќата на Петар Поп Арсов, еден од основачите на ВМРО.

Освен оваа спомен луќа, локалната власт во Општина Чашка се грижи и за спомен куќата на Коле Неделковски во село Војница, која е под нејзина надлежност.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати