Етно вешта жена во Велес по 12 пат (фото)

Петар Печков

Етно вешта жена  по 12 пат во Велес . Десетина  жени од градот  изработија старински специјалитети  . Истите беа претставени пред  гостинките во Розе сала  а подоцна и понудени и продадени  на наддавање. При тоа беа собрани 4,8 илјади денари средства кои ќе бидат наменети за хуманитарни цели.  

Најскапо се продаде етно тортата на Каролина Димеска за 700 денари. Тортата  беше прогласена и за најдобра на манифестација од страна на присутните гости. Таа го освои и второто место  со исто така  ,,етно торта,, а третото ,,чоколадна инсталација,,  на Елизабета Ѓоргиевска.   

Манифестација е со етно карактер и со хуманитарен истовремено.  Собраните средства ќе се  искористат за новогодишна забава за децата со посебни потреби. И тоа од Велес одат з а Велес или од вечерва се наменети за забава за велешки деца. Имам една мисла која вели,,еднаш годишно треба човек да подари, оти Господ сам ќе си земе,,. Тоа нас  жените од ова  здружение не води во активностите  - рече   Снежана Стојановска претседател на  Здружението на Етно вешта жени на Македонија.   

Годинава имаше новост во манифестацијата се вклучени и деца од основите  училишта во манифестацијата  ,,Вешто дете,, .  Тие од пластелин изработуваа нивни креации. Истите се продава   и беа собрани 1,3 илјади денари, кои ќе одат за хуманитарна цел. Децата пак заедно со останати учесници од манифестацијата на крајот, во април ќе одат на еднодневен излет во Дојран.  

Децата  се дружат само преку фејсбук, социјални мрежи, компјутери. Затоа ја воведовме оваа новина Вешто дете,, каде освен што се создаваат предмети од пластелин, децата учесници имаат  за задача да испраќаат писма преку пошта  на за нив непознато дете.   Тоа дете што ќе испрати најмногу писма на  крајот  од манифестација, во април, ќе добие награда -  објасни Стојановска. 

loading...

Поврзани »

loading...

ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 27.11.2017 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес 25-5299/3. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 13.12..2017 година, распишува К О Н К У Р С

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ДЕКЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com