Ефенди Реџепи - подавајќи рака еден на друг, честит Рамазан Бајрам

Петар Печков

Во честитката упатена до муслиманските верници по повод крајот на месецот Рамазан и денешниот  празник Бајрам, поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи испрати порака за мир, добри дела и толеранција меѓу луѓето без разлика на етничката и верска припадност.

Токму овие вредностите се главните пораки кои ги негуваат рамазанските пости и кои треба да бидат почитувани од човештвото, рече поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

Основната порака на овој свет месец е само добрината, благосостојба за сите и чекорењето исклучиво по патот што ни го осветлил нашиот Творец! Го величевме овој Месец, бидејќи Самиот Алах џ. ш. го величел одредувајќи свети датуми кои што не постојат во другите месеци на годината. Над се, во овој месец е објавен Светиот Куран, одреден е патот на честа и на моралот, на чистотата, на искрената верба, одредени се законите на љубовта, на почитта, на хуманоста, беше поставен темелот на благосостојбата, беше јасно покажано колку е лесно постигнувањето на мирот и соживотот, колку е величествена различноста што ни ја подарил Творецот на Световите. 

„Браќа и сестри, почитувани верници. Денес ни е празник, го славиме Рамазан Бајрам, празник што го изразува нашето задоволство што сме муслимани, верници на Исламот, празник што го изразува нашата гордост и нашата благодарност кон семоќниот Алах што ни ги овозможи сите овие задоволства што се доживуваат само во текот на месецот Рамазан во кој што постевме и се молевме за среќа и бериќет, како за нас така и за сиот свет. Со таква чиста душа да продолжиме и денес, подавајќи рака еден на друг, да се гушнеме како браќа, да ја израдуваме софрата на сиромашните, да ја зголемиме љубовта и грижата кон сирачињата, за нашите родители, за нашите семејства…Мирот, милоста и благословот на Алах џ.ш. нека бдеат секогаш над вас“

Браќа и сестри, почитувани верници, денес е празник, го славиме Рамазан Бајрам! Молејќи го од се срце Милоствиот Алах да ни ги прими постот и сите молитви и ибадети, ви пожелувам среќен и бериќетен Рамазан Бајрам! Мирот, милоста и благословот на Алах џ.ш. нека бдеат секогаш над вас!, се наведува во пораката на поглаварот на ИВЗ Сулејман ефефенди Реџепи по повод Рамазан Бајрам.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати