Жителите на Горно Оризари бараа звучна и светлосна сигнализација на железничкиот патен премин

Петар Печков

Месната заедница на Горно Оризари бара од ЈП МЖ Инфраструктура, побезбеден железнички патен премин до населбата и преместување на железничката постојка.  

„Бараме на преминот преку железничката пруга на патот Велес - Оризари да се постави звучна и светлосна сигнализација, бидејќи во населба Превалец се до Порцеланка има поставено звучна и светлосна сигнализација, само на патот за Горно Оризари нема, а секако се копаше за каблите покрај пругата. Овој пат е многу фреквентен бидејќи поврзува четири села и Општина Чашка, често пати има сообраќајни незгоди на овој премин сигурно сте запознаени, овој премин е обележан со сообраќајни знаци а од големо значење за безбедноста би било кога би имало светлосна и звучна сигнализација, и мислиме дека не е голема инвестиција бидејќи инсталацијата за останатите премини поминува покрај патот“ - напишаа од МЗ Горно Оризари. ова нивно барање доаѓа откако неодамна на овој премин во сообраќајна незгода помина возачот на автомобил.
 
Жителите на населбата која брои две илјади жители, бараат и преместување на железничката постојка која се користи од патениците за патничкиот железнички сообраќај.

„Апелираме ако може железничката станица “Тополка” да се дислоцира, да се направи до преминот на патот Велес- Оризари, слична како таа во Превалец. Станицата “Тополка” веќе долго време не се користи бидејќи нема никаков пристап за автомобили, околу се ниви, ораници. Би било од големо значење на жителите на Оризари и околните места кога би се направила оваа станица блиску до патот“ - додаваат од МЗ Горно Оризари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати