Петар Печков
Објавено: вторник, 14 март 2023
Жител на Кавадарци лековерно наседнал за чистење на објект, измамен е за 200 евра. Полицијата со повеќе детали за измамата.
„На 13 март во ОВР Кавадарци, 30-годишен жител на Кавадарци пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 13.000 денари. Според пријавеното, на 12.03.2023 лицето му се јавило и се договориле да изврши чистење на објект во село Чашка, велешко. Како што е пријавено, лицето побарало од него пред да дојде во Чашка, да ги даде парите на друго лице во Росоман, кое треба да ги однесе на лице во Неготино за наводен долг. Исто така, според пријавеното, тој ги дал парите, а откако стигнал во Велес лицето не му се јавувало на телефон, по што сфатил дека е измамен“ – соопштија од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.