Жител на Мелница се обидел да силува жителка на село Негорци

Петар Печков

Неделата на 12-ти јануари, во село Негорци било пријавено дека има обид за силување. Настанот бил пријавен во полицијата на пладне а сторителот подоцна бил  пронајден и уапсен. 

Помеѓу 14 и 14,30 часот во село Негорци во семејната куќа врз Ј.Т. од страна на непознат сторител е извршено кривично дело „Обид за силување“.  По пријавувањето на настанот веднаш се преземени итни службени мерки и активности со координирање на сите служби на теренот, при што по еден час е пронајден сторителот и е лишен од слобода, стои во соопштението на струмичката полиција, од каде додаваат дека станува збор за лицето И.Н. од село Мелница, Велешко. Со информација денес се јави и ОЈО Гевгелија. 

Осомничениот жител на селото Мелница, општина Чашка, на 12 јануари со употреба на сила се обидел да присили на обљуба една жена од селото Негорци. Откако самиот се довел во состојба на пијанство со 1,66 грам промили алкохол во крвта, тој отишол во домот на оштетената и започнал разговор со неа дека сака да ја земе за жена нејзината ќерка. Оштетената го одбила, по што тој ја нападнал, обидувајќи се да ја соблече и да ја принуди на обљуба. Оштетената се бранела, пробувајќи да го оттурне и да повика помош, но осомничениот ја совладал, удирајќи ја и нанесувајќи и повреди на главата и телото. Повиците за помош на оштетената ги слушнале двајца соседи кои дотрчале и му се заканиле на осомничениот дека ќе повикаат полиција, по што тој избегал.

Осомничениот претходно е осудуван за повеќе кривични дела, меѓу кои и за кривичното дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, а кое претставува истородно кривично дело со она за кое се гони во конкретниот случај. Имајќи го предвид тој факт, како и ценејќи ги сите други околности кои упатуваат на стравот дека осомничениот би можел да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Гевгелија достави Предлог за определување мерка притвор.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати