Петар Печков
Објавено: недела, 11 мај 2025
Саботата наутро бил повреден тракторист, прегазен од трактор кој сам се придвижил, од селото Еловец, општина Чашка. Л.Б. (72 год) се здобил со тешки телесни повреди, поради, кои е пренесен на лекување на КАРИЛ во Скопје.
„Во 8,05ч. добиен е повик за повредено лице кое управувало трактор, во атарот на село Еловец. Екипа на итната помош дала неопходна терапија, го згрижила и пренела на ургентен центар во велешка болница“ – кажа др- Василка Пановска, началник на службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.
„Саботата претпладне е примен пациент со тешкки телесни повреди констатирани по извршените снимања. Пациентот има политраума, сериска скршеница на ребро, карлица и внатрешни повреди. Дадена е здравсвтена помош и префрлен на клиника во Скопје“ – кажа д-р Ванчо Граматов од ЈЗУ Општа болница Велес.
„На 10.05.2025 околу 08.15 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив бил донесен Б.Л.(72) од село Еловец, општина Чашка, кој, според пријавеното, на некатегоризиран пат во атарот на село Еловец, го запрел тракторот што претходно го управувал и се симнал од него, но тракторот се придвижил и го прегазил Б.Л“ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес..
Во текот ан вчершниот ден имало уште еден иницдент со трактор, во кој тешко е повреден жител на село Караслари.
„На 10.05.2025 околу 12.30 часот во СВР Велес, од Општа болница Велес било пријавено дека кај нив бил донесен Ѓ.Б.(59 год) од село Каласлари, велешко, кој според пријавеното, на нива во село Каласлари, паднал од трактор“ - додаде Ѓаковска.
При тоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.
„Саботата на пладне примен е уште еден пациент повреден од трактор, лицето е згрижено и хоспитализирано на одделение“ - соопшти д-р Граматов.