Заврши проектот „Подобрување на јавните набавки преку унапредување на капацитети“

Петар Печков

Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија – Велес, на 14.07.2025 година беше домаќин на финалниот настан на проектот „Итни и прецизни обуки за најновите информации во јавните набавки“.

Иницијативата има за цел да ги зајакне капацитетите на професионалците за набавки низ цела Северна Македонија и да ја подобри транспарентноста, ефикасноста и законската усогласеност во јавните набавки.

Нa настанот  учествуваа градоначалници, претставници на општините, службеници за набавки, правни експерти и претставници на граѓанското општество. Учесниците добија детален преглед на законските измени, алатки за практична имплементација и одговори на често поставувани прашања во процесот на спроведувањето на постапките за јавни набавки

Настанот го отвори Зоран Јанкуловски, извршен директор на Здружението, кој ја нагласи важноста на континуираната обука за унапредување на институционалното работење и одговорноста.

Во своето обраќање г-ѓа Марија Ристеска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), го презентираше своето задоволство од спроведените проекти активности, како и постигнатите цели:

Подготвените материјали: Документот со упатства за спроведувањето на јавните набавки; Прирачник за спроведување на постапки за јавни набавки; Алатка за „црвени знамиња“ за идентификување и ублажување на ризици.

Одржаните четири регионални обуки за новините во јавните набавки, на кои учествуваа повеќе од 51 лице, вработени во одделите за јавни набавки, вработени во
општините; општински јавни претпријатија, како и претставници од општинските совети,

Отвореноста и достапноста на експертскиот тим за дополнителна соработка и менторство.

Таа потенцираше дека проектот доведува до зголемено ниво на знаења од областа на јавните набавки, кое ќе има директни импликации за транспарентно и отчетно
работење, како и намалување на можностите и ризиците од појава на злоупотреба на јавни средства и корупција.

Правниот експерт д-р Маре Богева Мицовска понуди длабинска анализа на измените на Законот за јавни набавки, при што се осврна на клучните предизвици со кои се соочуваат службениците. Таа претстави и три нови алатки развиени во рамките на проектот:
• Документ со упатства за спроведување на законски измени,
• Прирачник за спроведување на постапки за јавни набавки,
• Алатка за „црвени знамиња“ за идентификување и ублажување на ризици.

Во своето завршно обраќање, Зоран Јанкуловски ја потврди посветеноста на Здружението за обезбедување експертска поддршка, нагласувајќи ја улогата на континуираното градење капацитети во унапредување на транспарентноста, отчетноста и довербата во локалното управување.

Настанот е организиран во рамки на Проектот „Итни и прецизни обуки за најновите информации во јавните набавки“, поддржан со ад хок грант на регионалниот проект СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан имплементиран од од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

ПР текст

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Оценете го годинашниот јубилеен 20 Меѓународен фолклорен фестивал Велес 2025?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати