Започнаа уписите за првоодделенците во велешко, треба да се запишат 556 деца (видео)

Петар Печков

Уписот на идните првачиња започна од 2 мај и ќе трае до 30 мај. Во велешко треба да се запишат 556 деца.  Од годинава посебно ќе се почитува реонизацијата. Нема да се дозволи префрлање на ученици од цел град кон ОУ Блаже Конески или Св. Кирил и Методиј, што изминатите години беше редовна појава.

„Сите ученици ќе се запишат по адреса на живеење без исклучок, освен во случаи во соодветниот реон  ученикот не може да следи настава на мајчин јазик, или доколку постои документација со која што ќе се утврди здравстено или психосицијално здравје, да има слободен капацитет во училиштето, или за добробите на ученикот потврдено до Центарот за ментално здравје.Во овие случаи може да бдие запишан во друг реон од емстото на живеалише/престојувалишпте“ – кажа Верица Тодоровска Дацева раководител на одделение за јавни дејности при Општина Велес.

Потербен и извод од матична книга на родени за детето ученик, лична карта од родител/старател,  здравствени белешки за извршен систематски преглед со вакцинација, картон со извршена вакцинација, потврда за извршен офатмолошки и стоматолошки преглед.

На територијaта на Општина Велeс има седум основни училишта и споreд списокот нa МВР, деца родени во 2019 кој треба да се упишат во прво одделение се 556.

Можно е од оправдани причини рокот за запишување да биде и надвор од последниот ден 30 мај.

фото архив

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати