Започнаа конверзациски часови по англиски јазик

Петар Печков

Започнаа конверзациски часови по англиски јазик  кои се изведуваат во  Градската библиотека ,,Гоце Делчев,, а во соработка со волонтерите на Мировниот корпус стационирани во Велес. Часовите се бесплатни а за нив владее голем интерес меѓу велешани.  Така локалната библиотека „Гоце Делчев“ го продолжува проектот за изведување на бесплатни конверзациски часови за граѓаните на Велес, започнат пред четири години.

Целта на часовите, е преку директна и непосредна употреба на англискиот јазик со говорители од англиско говорно подрачје, да се вежба и подобрува говорниот англиски кај граѓаните -изјави директорот на библиотеката Игор Крајчев.

Нив ги изведува американецот  Герет Пост, припадник на Мировниот корпус,  во два термини, вторник и четврток со почеток во 19 ч.  На следните часови можат да се приклучат сите заинтересирани, иако не присуствувале на договорниот, вчера-вторник. Доколку има потреба и повеќе заинтересирани ќе се формира и уште една група. 

Сите кои сакаат да ги посетуваат овие конверзациски часови, потребно е да имаат  минимално познавање на англискиот јазик, како и да располагаат со познавање на одреден фонд на зборови со цел да можат да ги следат часовите.

Поврзани »

Ронтис вработува техничар во оддел одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

  • да
  • не
Резултати