Петар Печков
Објавено: среда, 12 март 2025
Започна теренско – третирање против ларви од комарци од земја. Теренското третирање од земја, против ларви од комарци се врши на територија од седум хектари покрај вода и водни површини, застоени водени површини кои се мапирани како лежишта на комарци, а посебно внимание се посветува на површините со неистечена вода каде комарците имаат идеални услови за размножување.
„Третманот се врши со биолошки препарат кој како активна материја содржи Bacillus thuringiensis var. Israelensis познат и како BTI ларвицид за комарци во вид на кристали, се наоѓа на листата на биоцидни производи на Министерството за здравство и се применува насочено само за комарци и ларви кои летаат на области кои се претходно одредени, се положува во застоени водени површини. Истото не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици“соопштија од Општина Велес.
По спроведената постапка за извршување на овие активностите избран е операторот, тоа е „ ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје. Наредните денови ќе бидат третирани следните локации.
Крајбрежјето на Езерото „Младост“, делот „Јарбош“, Градскиот парк, Градскиот Стадион, Младински парк, по течението на реката Вардар, реонот на Потокот и градските фонтани.
Согласно програмата се врши и есенско ларвицидно теренско третирање од земја, против ларви од комарци. Општина Велес е една од малкуте во земјава, која врши две третирања против комарци, и од воздух и по земја.
Подоцна пролетта, мај и следните месеци ќе следуваат три авионски прскања.