Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 мај 2026
Два настани од полицискиот билтен викендов на СВР Велес.
„На 10 мај во 01:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.П.(46 год) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Димитар Влахов“ во Велес било сопрено патничко возило „фолксваген“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева портпарол на СВР Велес.
На 09 мај во 15:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.К.(43 год) од Велес затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. При преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој издржувал казна затвор во траење од пет години и 10 месеци во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а во моментот користел викенд отсуство. Ѓ.К. бил спроведен во установата за доиздржување на казната, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
