За Денот на општината во Градско собрани 75 крвни единици

Петар Печков

Успешно е спроведена акцијата за крводарување со 75 крвни единици организирана по повод "Денот на општина Градско - 16 Декември", информираа од локалната власт.

Повеќето од дарителите биле од машкиот пол. Така жителите од Градско и околните населени места и годинава ja потврдија хуманоста.

Од околу 3,6 илјади жители во општината, крв даруваа 75 поединци  во акцијата  која традиционално се одржува во месец декември што  претставува висок одѕив. 

Поголем дел од дарителите беа од машки пол. Се даруваше во просториите на домот на културата Крсте Петков Мисирков.

Акцијата заеднички ја организираа Црвен крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати