За Св. Никола во Велес хуманитарно поделени 900 оброци ручек

Петар Печков

И годинава за Св. Никола гостилницата Боем организраше бесплатен ручек за велешани. Беа поделени 900 оброци на посна храна, како што е редот за овој христијански празник. Донацијата беше за сите кои дојдоа денес на пладне на штандот пред гостилницата.   Ова е шеста година како се организира овој настан, заедно со Здружението „Нула гладни во Велес“.  

На штандот годинава имаше и греано вино, донaција од м-р Димче Купенков. 

Оброците беа поделени од страна на волонтери на Општинската организација на Црвен крст Велес. 

Годинава беше присутен и  веселиот Дедо Мраз, кој подарените новогодишни подароци од хуманите граѓани и обезбедените новогодишни пакетчиња од донаторите, ги поделија на лицата од ранлива категорија. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати