За пешаците кои не минуваат на пешачки, не користат тротоар, вчера полицијата ги казнувалa

Петар Печков

По улиците низ градот, во текот на вчерашниот ден, четврток,  била спроведен акциска контрола за прекршоци кои ги прават пешаците. Било контролирано небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, непочитување на светлосните сообраќајни знаци или знаци што ги дава полициски службеник, некористење на тротоар или друга површина наменета за движење на пешаците, движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз.

„На 18-ти февруари  на подрачјето на СВР Велес, во терминот од 8 до 12ч.  била спроведена акциска контрола на прекршоци кои ги прават пешаците. Притоа, биле регистрирани 32 прекршоци, од кои 19 во Велес, седум во Кавадарци и шест во Неготино, кои се санкционирани со соодветни пријави“ - информираа од МВР.

За споредба, вчера вакви контроли имало и во повеќе македонски градови, при тоа во  Тетово биле констатирани 26 прекршока, во Гостивар 11, Во Штип 36 и во Струмица 25.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

Има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати