За снимање на ехо, сега со упат преку специјалист, не преку матичните

Петар Печков

По бројните забелешки  на приватни   лекари од  земјава,  нивното  Здружение со реакција на одлуката за  прегледите на ехо на дојка, простата, абдомен. Од почетокот на претходниот месец  јуни, наместо како што било досега, примарните лекари да упатуваат на специјалист за снимање на пациентите на ехо, тоа сега одело преку хирург или уролог во ,,мој термин,,.

Без некој да не извести, веќе месец и половина скратено е правото на закажување  на снимање на  пациентот на ехо на абдомен, дојка, простата. За тоа да се случи сега ние како матични лекари го упатуваме пациентот кај хирург, кај уролог во ,,мој термин,, па потоа тој да му даде упат за снимање на ехо.   Ова е суштинско прашање и беше дел од работа на матичните лекари. Така непотребно  ќе се креираат и создаваат голем број на упати, за да се преупати пациент на ехо. Вака нерационално се троши здравствениот денар, се губи драгоцено време во рано детектирање на ракот. Факт е дека немаме толкав број специјалисти, факт е дека нема термини за ,,мој термин,, и пред се човечкиот живот треба да е на прво место    - кажа д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија. 

Таа како пример го посочи Скопје и во јавните клиники, каде за ,,мој термин,, се чекало и по три месеци. 

Доаѓаме во ситуација, можно е некој пациент да има метастази, кога и минутите се важни, ние го праќаме на специјалист а потоа тој го препраќа на снимање на ехо. Тоа го отежнува и одолговлекува процесот на лекување  - додаде д-р Чолакова Дервишова. 

Според нејзините информации, воведувањето на ваквото решени било поради големиот број на упати за снимање на ехо. Претседателката на ЗПЛМ  објаснува дека тие како матични лекари не можат и не смеат да одбијат ниту едно барање на пациент за преглед кај специјалист, но и дека се е во функција на превенција од одредени заболувања. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати