За учениците кои не можат да следат онлајн настава, локалната власт набави 262 таблети

Петар Печков

 
Општина Велес обезбеди 260 таблети кои ќе бидат распределени помеѓу учениците од семејствата кои се во тешка социјална ситуација и не се во можност да ги набават. Локалната власт ќе ги додели таблетите од понеделник, како  поддршка за учениците  кои посетуваат настава онлајн, во услови на ковид -19.

Верувам дека на ваков начин ќе им ја олесниме маката на 260 велешки семејства и ќе го направиме токму она што градот треба да го прави а тоа е да ги поддржува граѓаните на секаков можен начин, особено младите генерации“, рече Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција.

Во основните училишта во Велес настава онлајн не можат да следат околу 200 ученици, поради   недостиг на компјутерска опрема, 127 ученици во основните а во средните училишта 77 ученици. За преостанатите таблети, каде тие да се доделат, дополнително ќе се анализирала состојбата во централните и во подрачните  основни училишта.

Преку програмата Ромактед за поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво обезбедени се  уште 35 таблети. Не се набавени лаптопи за вработените просветни работници -наставници  и професори, бидејќи првата јавна набавка  била неуспешна, па од понеделник ќе се распишел нов.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Оператори во производсто Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати