За 10 години постоење фабриката Лутекс го зголеми производството за 95 отсто повеќе од почетокот (фото видео)

Петар Печков

Фабриката „Лутекс“ одбележа една декада работење. Таа германска инвестиција за производство на индустриски и технички текстил, лоцирана  во погоните на поранешна  „Нонча  Камишова“ во близина на Велес.

На прославата се обрати сопственикот Маркус Туч, кој се осврна на почетокот на работата и развојот за десетте години работа. Тој се заблагодари на Џери Наумов,  поранешен министер без ресор задолжен за странски инвестиции, кој беше присутен на прославата, што им понудил инвестираат во Македонија.

„Кога дојдов овде низ главата ми се вртеа многу прашања, зошто дојдов, што ќе правам тука, дали дојдов на вистинското место. Но имав многу сопатници кои ми помогнаа на ова патување.  Кога во 2014 година дојдовме, дојдовме со сопругата да комплетираме друг германски проект, не за нашиот. На почетокот на 2016 донесовме решение и најдовме локација близу Велес, каде ќе започнеме со работа.  По десет години кажувам дека сме дојдени тука да останеме и  компанијата да продолжи да работи.  И да го надградуваме тоа што го работиме. Во однос на почетокот денес по десет години имаме 95 отсто зголемено производство.  Ви благодарам на вработените, ви благодарам на деловните партнери, во животот ништо не се постигнува сам. Среќен роденден Лутекс“ – кажа Туч. 

Тој им додели лични подароци на Драган Цеков кој  е од првиот ден и создавањето на Лутекс во Велес, на директорката Лидија Димовска и на сопругата Габи која била одлучувачки глас кога рекла „Ајде да создадеме компанија во Македонија“. 

Туч го цитираше натписот на влезот во некогашната фабрика „Нонча Камишова“ каде фабриката Лутекс е лоцирана и  пишува „Дојдовме од ништо, продолжуваме во подобра иднина“.  

„Периодот од 10 години е кога од ништо направивме нешто. Тоа е тежок процес. Се грижам за 170 фамилии, чии претставници работата во фабриката. И успевам да најдам баланс со работат и задоволството на вработените. Успехот е многу поголем кога се множи и се дели. Моето мото е да раснеме уште повеќе, да славиме повеќе годишнини. Деновите се тешки а годините кратки и треба да се бориме да одиме напред“ – рече директорката Лидија Димовска. 

Таа врачи две благодарници на фирмата „ПОДОДЕКОР“  за долгогодишната соработка и за сопственикот Маркус Туч. 

Лутекс произведува техничка ткаенина за перници и душеци, кои целосно се извезуваат во Германија.

На одбележувањето на јубилејот присуствуваа дел од вработените и дел од деловните партнери.

Поврзани »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од работата на општинските инспекции? (се оценува со училиштни оценки од 1 кон 5)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати