Златна значка на АРМ за Панче Јамандиев првиот македонски војник

Петар Печков

Златна значка на АРМ, доби  велешанецот Панче Јамандиев првиот војник во редовите на македонската војска. Нему ова признание му беше врачено од генерал Методија Величковски, началникот на АРМ на свеченост одржана во велешката касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,,.   

Ми беше чест да служам воен рок во самостојна суверена Република Македонија.  Бев во првата генерација македонски војници и бев прв војник, кој  на 13-ти април 1992 влезе во гарнизонот  во Охрид и со тоа се гордеам. Оваа значка која денес ја добив,  е големо внимание за мене – рече Јамандиев. На овој чин присуствуваше целиот армиски врв на АРМ. Тука беше и генерал   Мухамед Рацај, кој го примил Јамандиев во Охридската касарна.   

Бев дежурен тој ден и околу 15,20ч. ми кажаа дека дошол војник. Го примивме, бевме заедно на ручек. Му кажав дека е голема чест да биде првиот војник во армијата.  Разговаравме како ќе изгледаа армијата, какви  обврски ќе има – вели  генерал Рацај. Оттогаш тие двајцата  се неразделни пријатели.  Јамандиев на 21 година возраст, два дена порано од тоа што пишувало на  поканата се јавил во гарнизонот во Охрид.  На прашањето зошто порано, тој додава ,,така требало да биде,,.

Обуката, која траеше 45 дена, ја минав задолжен со рачен фрлач, а потоа добив прекоманда на караулата Преслап, Битолско. Чесно го отслужив долгот кон народот и државата, без ниту еден ден отсуство  - вели Јамандиев.

Денес,  25  години подоцна, од 13 април 1992-та, нешто по 15 часот, кога во касарната во Охрид стигна првиот македонски регрут.  Тоа беше велешанецот Панче Јамандиев кој  на 21 година возраст заминал војска и ретко зборува за овој момент, кој е дел од поновата македонска историја.  Тој е првиот војник кој застана во македонскиот строј.   

Не знам зошто, но последниве години  почна да се пишува дека првиот македонски војник  стигнал во касарна на 15 април. Тоа не е точно, беше два дена порано, беше ден понеделник. Многу беа изненадени и старешините и резервистите што беа во касарната, бидејќи првите регрути ги очекуваа на 15-ти. Во тие времиња, тоа беше значаен настан - формиравме наша војска. Како прв војник бев и медиумски присутен во јавноста, на МРТВ во ударните вести, во весниците. Уште следниот ден, дотеран во нова униформа бев примен и од градоначалникот на Охрид   – се присетува  Панче.

Тој како доказ ја покажува воената книшка  која ја чува како драг спомен.   Бил пречекан  од  старешината Словенецот мајор Jосип Хајба.  Додека стигнале првите војнички колеги, на 15 април вечерта, тој добро се научил  местење кревети и постелнина.

Пред почетокот на обуката работел на разгласот, и тука, условно кажано, завршуваат неговите привилегии како прв војник што се јавил на отслужување на воениот рок во АРМ. Од војска заминал на 12 јануари 1993-тата кога му завршил воениот рок. Панче  денес заедно со неговите браќа  имаат заедничка приватна фирма.

Истовремено во велешката  касарна се одбележа 15 април денот на Командата за обука и доктрини, во чии редови пред 25 години стигнаа првите македонски регрути.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати