Зошто здивот има непријатна миризба наутро

Петар Печков

Непријатната миризба е причина зошто се трудиме наутро да не дишеме близу до некој кој може да го осети тој мирис. Сигурно поминале 8 часа а не сте ги измиле забите, ништо не сте јаделе, а сепак имате здив со непријатна миризба кога ќе станете.

Една од причините е тоа што плунката која ја испира устата и го отстранува непријатниот мирис не се произведува. Што повеќе устата ви е сува тоа поголеми шансите се да се развијат бактерии и да се создаде непријатен мирис.

Дишењето на уста, 'рчењето како и одредени лекови можат да доведат до сува уста која само ја влошува состојбата.

Во поголем број на случаи, ова не треба да ве загрижува, но во некои случаи може да биде и симптом за некои болести. Некогаш може да биде поврзано со инфекции на органи за варење и во тие случаи морате да отидете на лекар за помош.

Доколку сакате вашиот здив да нема непријатна миризба наутро, погрижете се да ги измиете забите и да користите конец за заби непосредно пред да си легнете, бидејќи остатоците од храна на забите со кои ќе си легнете претставуваат храна за бактериите кои ги имате во устата.

Се препорачува миење на забите две до три минути, како и испирање на устата без алкохол.

loading...

Поврзани »

loading...

ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 27.11.2017 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес 25-5299/3. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 13.12..2017 година, распишува К О Н К У Р С

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ДЕКЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com