Зошто осум негователки од градинките не одат на работа

Петар Печков

Завршувањето на работниот ангажман на осум жени, кои работеле со договор на определено време во велешките градинки, беше причина тие да излезат во јавноста и реагираат, за како што тие го нарекуваат добивањето на отказни решенија. Тие очекувале по најавите од министерката за труд и социјала Мила Царовска, дека ќе добијат решенија за работен однос на неопределено време.

Министерката кажа дека од 28 февруари ќе се трансформираат вработените што се на определено на неопределено време, нема да  има бркање од работа. За ова била обезбедена согласност од Министерството за финансии. Имаме информации дека во Скопје и Штип имало вакви трансформации на работните места.   Таа рече дека  се ќе биде во интерес на децата од градинките и нивните родители. Има луѓе кои доаѓаат во градинките, не знаеме дали се вработени, како се ангажирани а ние останавме на улица  - вели Фросина Стефановска, една од осумте жени кои веќе не одат на работа.     

Таа и нејзините поранешни колешки се сомневаат дека на нивно место ќе   бидат примени други лица.  

За овој случај реагираше со прес конференција и опозицијската ВМРО-ДПМНЕ. 

Осум вработени  на срамен, нечовечки и понижувачки, суров  начин се избркани од работа од градинката Димче Мирчев без најава, без основ. Тоа се професионалци во работата, искусни, со повеќе од две години ангажман.  Нивните договори се завршени,но според најавите од   Министерството за труд и социјална политика, дека статусот ќе им биде решен трајно. Се појави вакуум период и кој сега ќе ги чува децата во градинките - рече  на прес конференција  Каролина Попова претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ за Велес

За овој случај, ТрМр побара и одговор од директорката на  Детската градинка  ,,Димче Мирчев,, Бранислава Нацева. Таа изрази жалење што жените не продолжиле со работа, но потенцира дека  нема никаква одговорност и се било во согласност со потпишаните договори.. 

 Јас проблемите ги наследив. Има ангажирани лица и по пет години со догвор на определено време, чии работен однос не е трансформиран. За овие осум жени, ангажирани на определено време, тие знаеја дека Министерството има обезбедено средства за два месеци од 01.01 до 28.02. Тој период заврши и договорите им завршија. Потоа нема никаков распишан конкурс за нови вработувања, ниту има ангажирано нови лица на нивните испразнети   места. Го разбирам револтот на довчера ангажираните жени, но нивниот договор  заврши. Кога ќе се распише нов конкурс сите  имаат право да конкурираат -рече Нацева. 

Од Министерството за труд и социјална политика посочуваат дека согласносите кои се добиени од Министерството за финансии се за работни позиции, не и за конкретни лица.

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува 20 оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати