Иако нема дождови ниту топење на снегот, Вардар низ Велес со високо ниво

Петар Печков

Реката Вардар низ Велес со невообичаено високо ниво деновиве. Иако нема дождови периодов водостојот е со вредности над вообичаените. Така денес се измерени 130 цм, вчера 134 см, претходно 130см. Просекот за декември е 82 цм. И ова не би било за чудење, ако имапе период на врнежи, што не е така, ниту пак високи температури па топење на снегот. Ниту тоа е присутно. Но затоа познавачите на реката Вардар даваат точна оценка што се случува.

„Пуштена е вода од хидроцентралите од Козјак и Мавропво. Таму се по три и на едната и на другата. И затоа има толку голем проток на вода. Ова пак е поврзано со недостатокот на мазут за производство на струја, па на максимум  се активирани хидроцентралите. Друго објаснување нема“ – вели велешанец кој ја познава реката Вардар од изворот до излезот од Македонија.  

На Вардар има три хидроцентрали Вруток, Врбен и Равен и три на Треска, Св. Петка и Матка.

Нивото на реката Бабуна низ Богомила е над просек, денес било 22 цм а вчера 17. Просекот е 15 цм.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати