Иванковци и Мамутчево отсечени

Петар Печков

Од синоќа повеќе од 1,5 илјада жители  од селата Иванковци и Мамутчево се отсечени. Снегот создаде блокада на локалниот пат, по што селата се без пристап до градот.  Десетина возила биле завеани при обид да се вратат дома или да дојдат до Велес.

 Отсечени сме, не можеме да се  пробиеме до градот. Имаме болни деца на кои  им треба лекарска  помош. Апелираме патот наскоро да биде исчистен – порачаа дел од жителите во порака која преку социјалните мрежи ја испратија до  порталот ТрМр. Надлежните потврдуваат  дека патот до овие две велешки села  е завена, и се работи на  негово расчистување.

Механизацијата ангажирана од локалната власт не може да  се справи со наносите смет. Побарана е помош од ЈП Македонија пат. Се најавува дека до вечер патот ќе биде исчистен и слободен за сообраќај. Има автомобили кои се таму завеани и заглавени   – изјавија  од Центарот за управување со кризи.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати